4

Здрав Живот – Мит Или Вистина ?

Ако пливате по јадење, ќе имате грчеви. Мора да пиете осум чаши вода дневно. Алкохолот го намалува бројот на мозочните клетки.

Ова се само некои од митовите што може да ги слушнете за здрав начин на живот.

За овие и други факти поврзани со здрав живот дискутираа 42 млади луѓе од шест различни земји (Србија, Италија, Македонија, Турција, Романија и Бугарија), кои беа во посета на Власинско Езеро од 15-24 август. Учесниците од Македонија се членови на Младински Совет Нова Генерација.
Тоа е младинска размена наречена ,, Здравјето е првиот чекор кон зајакнување, како дел од програмата Еразмус + и финансирана од страна на Европската унија.

Овој вид на програма се практикува со иновации на образовните методи, каде учесниците преку неформалното образование одиграа важна улога во сите активности. Тие организираа нивно сопствено учење, спортски активности преку кои не само што се развиа знаење на оваа тема, но, исто така, откриа и вештини како што се тимска работа, управување со времето, комуникација со други култури, итн.
“Многу сум задоволна од ова искуство бидејќи имав можност да запознаам различни луѓе, нивните култури и нивните ставови за здрав живот. Се чини како да остатокот од светот не знае каков вид на потенцијали имаат младите од оваа област, а кои не сфаќаат дека младите луѓе обично имаат подобра перцепција за тоа како да се води редовен здрав начин на живот. “Сведоштво на Румиана Даринова од Бугарија, една од земјите учеснички.
Една од позитивните работи на овој проект е дека овие млади луѓе ќе продолжат да се занимаваат со прашањето за здрав живот, тако што преку кампања на социјалните мрежи ќе ги охрабрат другите млади луѓе да живеат активен и здрав живот.

За понатамошни активности на овој проект, посетете ја нашата страница:

https://www.facebook.com/healthisthefirststepofempowerment/?modal=admin_todo_tour&notif_id=1535576845380073&notif_t=page_invite

dig

%d bloggers like this: