36937314 1036535486524840 1325033484246319104 N

Курс За Обука – А3 Помалку Можности + Медиумски Алатки = Подобри Можности Младите Од Шест Земји Се Собраа Да Учат За Медиумските Алатки Во Катерини, Грција

5 младински работници од 25 мај до 2 јуни,се обединија на третата активност на проектот Less
Opportunities+Media tools=Better opportunities” во Катерини, Грција.


Тренинг курсот се состоеше од три дела. Првиот дел им овозможи на учесниците простор за
споделување и размислување за процесот на примена на научените лекции од првиот тренинг за
обука во нивната околина. Во овој случај, учесниците идентификуваа можни пречки и идеи како
да ги надминат. Вториот дел се базираше на симулации за примена на средствата за медиуми и
социјални медиуми. Симулацијата дел даде простор за директнa примена неколку алатки , па така учесниците имаа можност да работат на нивните прилагодувања на локалните услови на
учесниците. Целта на последниот дел беше да се зголеми знаењето на учесниците во програмата
Еразмус + и да се поттикне развојот на нови проектни идеи во подигнување на капацитетите на
полето на Еразмус + за користење на средствата за медиуми и социјални медиуми.
Претставници од Just do it – Полска, Младински Совет Нова генерација – Македонија, Младиинфо Црна Гора, Алијанса за младински работници Врање, Медијатеранеа – Грција и Млади за општеството – Албанија присуствуваа на тренинг курсот каде што дискутираа методи и разменуваа идеи кои ќе ги применат во нивните локални заедници, младите работници и лицата со помалку можности можат професионално да растат и да им помогнат да ги видат придобивките од користењето на социјалните медиуми.
Во текот на неделната обука, учесниците работеа во мешани национални групи, каде што имаа
сесија за пишување проекти и изготвија планови за идни партнерства. Тие споделија идеи за
одредена тема и започнаа со пишување на проектот.
На крајот, направија планови за идните соработки и ја напуштија Грција со убави сеќавања и нови пријателства.

%d bloggers like this: