3

Младинска размена Призрен, Косово (22-29 Април, 2018)

Третиот дел од проектот “Gender through the screen” беше успешно имплементиран.
Уште еден успешен проект, основан од програмата Еразмус плус, се одржа на 22 и 30 април во Призрен, Косово. Тоа беше младинска размена на тема Родова еднаквост и како таа е прикажана преку екраните. На младинската размена пристуствува учесници од осум различни земји од Европа, вклучувајќи ја Македонија, Словачка, Естонија, Унгарија, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово.

Проектот го одржа ОАПА, локална невладина организација од Призрен, Косово. Примарна цел на овој проект беше преку различни работилници да се прикаже родовата нееднаквост и преку превземање на позитивен пристап, да се доведе намалување на негативните стереотипи и дискриминација поврзани со половите.
Секоја невладина организација испрати пет учесници да ги претставуваат своите земји. Целта на оваа младинска размена беше да се соберат учесниците и да се подигне свеста, да се дискутира за проблематиката и да се дадат предлози за подобро решавање на родовите прашања.
Проектот беше фокусиран на важноста на медиумите како фактор во промовирањето на родовата рамноправност, како во работната средина така и во претставувањето на жените и мажите преку екраните. Проектот како неформално образование имаше различни активности, како што се: Споделување на искуства од општествата во кои живеат учесниците, активности кои им помогнаа да го подобрат своето знаење и да имаат поинакво гледиште за оваа тема.

Четвртиот и последен дел од овој проект ќе се одржи во Владичин Хан, во периодот од 23 до 29 јуни 2018, а ќе биде семинар во кој учесниците ќе бидат пренасочени на изработка на официјална брошура како финален продукт од овој проект.

%d bloggers like this: