Dav

Младински Совет Нова Генерација го одржа вториот дисеминациски настан од проектот “Less opportunities + Media tools = Better opportunities”

На ден 13.08.2018 година, во просториите на Волонтерски центар, Младинскиот Совет НОВА ГЕНЕРАЦИЈА го одржа втората дисеминациска средба за презентација на резултатите од проектот “Less opportunities + Media tools = Better opportunities” кофинансиран од Ерасмус+ програмата. На средбата присуствуваа 15 млади луѓе, младински работници, младински лидери и експерти за неформално образование, кои беа дојдени со желба да научат повеќе за медиа алатките и кои се придобивките од нивната примена. Некпои од младите луѓе присуствуваа за првпат а некои по вторпат.
Настанот се состоеше од 3 дела.
Првиот дел се состоеше од презентација на Еразмус плус програмот, кои можности ги нуди и кој се може да биде дел од овој програм. Исто така, беа опфатени и информации за пишување на проекти, рокови за аплицирање на проектите и за сертификатот Youth Pass. После презентацијата учесниците се натпреваруваа во квиз на знаење за програмата, креиран на веб страната Kahoot.it.

Вториот дел од средбата, опфати презентација за проектот “Less opportunities + Media tools = Better opportunities, неговите цели и активностите кои беа превземени. Присутните имаа можност да се запознаат со бесплатните интернет алатки кои се достапни за младите со помалку можности, со веб страници кои нудат материјали за раст на личен и професионален план.

Третиот дел од средбата се состоеше во презентација на идни проекти и сите присутни имаа можност да се информираат за можностите кои им се нудат со присуство на младинските размени. Сите учесници кои беа присутни на средбата, добија можност да бидат дел од идните проекти кои ќе ги спроведува Младински совет Нова Генерација во престојниот период.

%d bloggers like this: