38781026 225433908175461 8538041216581763072 N

Младински соцет Нова Генерација одржа Презентација на проектот “Less Opportunities + Media Tools = Beeter Opportunities” и Ерасмус+ програмата на Младите во Скопје

На ден 08.08.2018 година, во просториите на Волонтерски центар, се одржа првата дисеминациска средба за презентација на резултатите од проектот “Less opportunities + Media tools = Better opportunities” кофинансиран од Ерасмус+ програмата.. На средбата присуствуваа 20 млади луѓе кои беа дојдени со желба да научат повеќе за медиа алатките и кои се придобивките од нивната примена.
Настанот се состоеше од 3 дела.
Првиот дел се состоеше од презентација на Еразмус плус програмот, кои можности ги нуди и кој се може да биде дел од овој програм. Исто така, беа опфатени и информации за пишување на проекти, рокови за аплицирање на проектите и за сертификатот Youth Pass.
Вториот дел од средбата, опфати презентација за проектот “Less opportunities + Media tools = Better opportunities, неговите цели и активностите кои беа превземени. Присутните имаа можност да се запознаат со бесплатните интернет алатки кои се достапни за младите со помалку можности, со веб страници кои нудат материјали за раст на личен и професионален план.
Третиот дел од средбата се состоеше во презентација на идни проекти и сите присутни имаа можност да се информираат за можностите кои им се нудат со присуство на младинските размени. Сите учесници кои беа присутни на средбата, добија можност да бидат дел од идните проекти кои ќе ги спроведува Младински совет Нова Генерација во престојниот период.
Следната средба е закажана на ден 13.08.2018 година, повторно во просториите на Волонтерскиот центар Скопје, во период од 17.30-19.30 часот.

%d bloggers like this: