Каде можам да најдам активни повици за пријавување на младински проекти преку вашата организација?

Сите активни повици може да се најдат во табот Events. Секој повик за учество содржи линк до апликациската форма којашто задолжително треба да ја пополните доколку сте заинтересирани да учествувате во проектот. Исто така, можете да следите активни повици за учество на проекти и преку нашата Facebook fan page.

Како можам да се пријавам за учество на младински проект преку вашата организација?

Посетете го табот Events којшто ги содржи сите активни повици за учество на проекти, а во секој од нив се наоѓа линк до апликациска форма којашто задолжително треба да ја пополните доколку сте заинтересирани да учествувате во проектот. 

Дали треба да сум член на вашата организација за да можам да учествувам на младински проект?

За да аплицирате за учество на проект не е потребно да бидете член на нашата организацијата. Меѓутоа, доколку бидете одбрани како учесник на било кој од нашите проекти, станувате член на Младински Совет Нова Генерација со уплата на Годишна Членарина во времетраење од 1 година од датумот на уплата. Со оваа Годишна Членарина ви следува и маица со логото на организацијата, промотини материјали, како и можност за волонтирање и учество на други настани, проекти и работилници, спроведени или поддржани од Младински Совет Нова Генерација.

Како можам да станам член на вашата организација?

За да станете член на Младински Совет Нова Генерација покрај желба и иницијатива, потребно е да се уплати и Годишна Членарина. За повеќе информации околу процедурата за уплата на Годишна Членарина, слободно пишете ни на nextgeneration.contact@gmail.com.

Дали е потребно да уплатам партиципација за учество на младински проект преку вашата организација?

Поголемиот број на младински проекти реализирани или поддржани од нашата организација не предвидуваат уплаќање на партиципација за учество. Во случај кога проектот предвидува партиципација за учество, истото ќе биде задолжително напоменато во повикот за учесници како услов за учество. Меѓутоа, сите оние коишто за прв пат ќе учествуваат на проект преку Младински Совет Нова Генерација, ќе станат членови на организацијата со уплата на Годишна Членарина во времетраење од 1 година од датумот на уплата. Со оваа Годишна Членарина ви следува и маица со логото на организацијата, промотивни материјали, како и, можност за волонтирање и учество на други настани, проекти и работилници, спроведени или поддржани од Младински Совет Нова Генерација.

Дали може ли да ми дадете упатство за плаќање годишна членарина?  

За повеќе информации околу процедурата за уплата на Годишна Членарина пишете ни на nextgeneration.contact@gmail.com или во порака преку нашата Facebook fan page.

Дали и како можам да се вклучам како редовен волонтер во вашата организација?

Доколку сте заинтересирани да се вклучите како редовни волонтери во Младински Совет Нова Генерација, пополнете ја апликациската форма на следниов ЛИНК, којашто можете да ја најдете и во Contact Us, а ние ќе ве конактираме.

Дали постои старосна граница за учество на младински проекти?

Секој проект има своја дефинирана таргет група со старосна граница за учесниците. Во секој од повиците за учество на проекти објавени на нашата веб страна или Facebook fan page е наведена старосната граница за учесниците. Па така, пред да аплицирате за оној проект за којшто сте заинтересирани, проверете ја старосната граница во повикот за учесници, бидејќи доколку не ги исполнувате условите за возраста, вашата апликација нема да биде земена во предвид. 

Генаралното правило за учество во Еразмус+ младински проекти е следното:

  • Мобилност на млади луѓе (Младинска размена) – помеѓу 13 и 30 години во зависност од таргет групата на проектот (освен лидерите на групите, за коишто не постои ограничување на возраста);
  • Мобилност на младински работници (Тренинг курс, Студиска посета, Семинар, Вмрежување и Учење на работното место со набљудување) – не постои ограничување на возраста.

Дали е неопходно да сум студент и/или вработен за да учествувам на младински проект?

За да учествувате во Еразмус+ младинските проекти, како Младинска размена, Тренинг курс, Студиска посета, Семинар и сл., не е неопходно да бидете студент, ниту пак, да сте во работен однос. Овие проекти се наменети за сите млади луѓе и младински работници коишто поседуваат мотивација и интерес да ги зголемат своите знаења и вештини преку моќта на неформалното образование. Досега, и нашите локални проекти не барале исполнување на ваков услов, меѓутоа во зависност од темата и целта на проектот, можно е истиот да побарува исполнување на специфични критериуми, меѓу кои и поседување на професионални знаења и вештини во одредена област на студирање или работење. Ваквите услови се јасно потенцирани во сите повици за учесници објавени на нашата веб страна и Facebook fan page.

Дали е неопходно да поседувам некои посебни вештини, знаења или степен на образование за да учествувам на младински проект?

Секој проект е наменет за одредена таргет група, односно учесници кои исполнуваат одредени критериуми. Во секој наш објавен повик за учество на проект е јасно наведено каков профил на учесници е потребен, па доколку сметате дека се пронаоѓате во истиот, пополнете и испратете ја апликациска форма за да се пријавите.

Ние сме група на студенти, дали може сите заедно да учествуваме на младински проект?

Доколку вашето учество како група е во согласност со потребите и таргет групата на проектот, во тој случај препорачуваме да се пријавите преку пополнување на апликациска форма каде што задолжиелно ќе ја објасните вашата мотивација за учество како група на истиот. Исто така, ако темата на проектот на која што сакате да учествувате како група студенти е поврзана со вашето поле на студирање или ќе ви помогне во изработка на проект или студија, слободно контактирајте не на nextgeneration.contact@gmail.com за повеќе информации.

Каков вид на проект е Младинска размена?

Младинска размена е проект на Еразмус+ Програмата којшто овозможува група на млади луѓе од различни држави да се сретнат, да живеат заедно (минимум од 5, а максимум до 21 ден), да запознаат различни култури и да работат на проекти од заеднички интерес. За повеќе информации посетете ја официјалната веб страна на Еразмус+ Програмата.

Каков вид на проект е Тренинг курс?

Тренинг курс e проект на Еразмус+ Програмата којшто овозможува обука и размена на добри практики, алатки и искуства помеѓу младински работници од различни држави, којшто може да биде во времетраење од 2 дена до 2 месеци. За повеќе информации посетете ја официјалната веб страна на Еразмус+ Програмата.

Какви видови на проекти се достапни за учество преку вашата организација?

Младински Совет Нова Генерација активно учествува во развивање на интернационални младински проекти поддржани од Европската Комисија, а имплементирани во рамките на Еразмус+ Програмата, и тоа:

  • Мобилност на млади луѓе – проекти коишто овозможуваат размена на групи млади луѓе од различни земји со цел да се запознаат со различни култури и да развијат вештини: 
  • Младинска размена.
  • Мобилност на младински работници – проекти за професионален развој на младинските работници и организации преку обука или вмрежување:
  • Тренинг курс, 
  • Студиска посета, 
  • Семинар, 
  • Вмрежување, и
  • Учење на работното место со набљудување.
  • Европски Солидарен Корпус (European Solidarity Corps) – наскоро, Младински Совет Нова Генерација ќе овозможи волонтери од Европа да се стекнат со знаења и вештини со учество на долгорочни волонтерски проекти во нашата организација, преку European Solidarity Corps иницијативата.

Младински Совет Нова Генерација организира и локални проекти, работилници и обуки. За повеќе информации посетете го табот Events или нашата Facebook fan page каде што ќе најдете активни проекти и повици за учесници.

Дали ќе добијам некаков сертификат или потврда за учество по завршување на проектот?

Проектите имплементирани во рамките на Еразмус+ Програмата најчесто вклучуваат и сертификат како признание за учеството, наречен Youthpass. Youthpass е алатка којашто овозможува признавање и документирање на постигнатите резултатите од неформалното учење, младинската работа и солидарните активности. За повеќе информации посетете ја официјалната веб страна на Youthpass. За сите останати проекти и активности организирани или поддржани од Младински Совет Нова Генерација, во самите повици е наведено дали се добива сертификат или потврда за учество.

Што е тоа Youthpass?

Youthpass е алатка којашто овозможува признавање и документирање на постигнатите резултати од неформалното учење, младинската работа и солидарните активности. За повеќе информации околу улогата и примената на оваа алатка посетете ја официјалната веб страна на Youthpass.

Дали е потребно да имам солидно познавање на англиски јазик за да учествувам на интернационални проекти?

Без оглед на тоа во каков тип на интернационален проект учествувате, познавањето на говорен и писмен англиски јазик се смета за предност. За учество во проект како што е Младинската размена доволно е и основно познавање, но Тренинг курсевите, пак, се постручни и бараат поголем ангажман и степен на разбирање, па поради тоа пожелно е солидно познавање на англискиот јазик, кој е и најчесто официјален јазик на сите интернационални проекти. Секој од повиците за учество на проекти објавени на нашата веб страна и Facebook fan page задолжително содржат и информации за службениот јазик на проектот.

Дали сум избран/а како учесник на проектот за кој што аплицирав?

Само одбраните учесници ќе бидат контактирани во рок од една недела по завршување на крајниот рок за пријавување на учество. 

Кога ќе добијам одговор во врска со апликацијата за учество на проект што сум ја пополнил/а?

Во секој повик за учество на проект е наведен крајниот рок за пријавување, а одбраните учесници ги контактираме во рок од една недела по завршување на истиот. Доколку имате дополнителни прашања или не сте сигурни дали сте ја испратиле вашата апликација, можете секогаш да не контактирате на nextgeneration.contact@gmail.com или преку нашата Facebook fan page.

Каков вид на проект е Европски Солидарен Корпус (European Solidarity Corps)?

Европски Солидарен Корпус (European Solidarity Corps) е нова иницијатива на Европската Унија којашто нуди можности за млади луѓе да волонтираат или работат на краткорочни или долгорочни проекти значајни за општеството и луѓето во Европа, во матичната земја или надвор од неа. Европски Солидарен Корпус (European Solidarity Corps) проектите се достапни за млади луѓе помеѓу 18 и 30 години. За повеќе информации околу критериумите за учество во овој вид на проекти, посетете ја официјалната страна на European Solidarity Corps.

Дали можам преку вашата организација да аплицирам за Европски Солидарен Корпус (European Solidarity Corps) проект?

Младински Совет Нова Генерација веќе има поднесено барање за Quality Label за хостинг организација на European Solidarity Corps волонтери, и наскоро очекуваме да добиеме соодветно одобрување. Stay tuned за новости.

Покрај Еразмус+ проектите како можам да се вклучам и во локални проекти?

Нашата организација организира и учествува во локални и интернационални проекти. Ние го охрабруваме и поддржуваме волонтерскиот дух, па така ви препорачуваме да се пријавите за учество во сите наши проекти и иницијативи активни во моментов или во иднина, а истите можете да ги најдете во Events, како и на нашата Facebook fan page

Имам/е идеја, дали може да ја реализираме заедно со вашата организација?

Младински Совет Нова Генерација постои за да го унапреди животот на младите луѓе во државата и пошироко, па така, секоја идеја развиена во оваа насока е и повеќе од добредојдена. Слободно пишете ни за вашата идеја/иницијатива на nextgeneration.contact@gmail.com или во порака на нашата Facebook fan page, па доколку е во согласност со капацитетите, како и мисијата и визијата на нашата организација, ќе бидете контактирани. 

%d bloggers like this: