Mde

Нова Генерација спроведе работилница и ширење на резултатите за проектот “Neets in Need” во соработка со Lighthouse Hostel

Нова Генерација спроведе работилница и ширење на резултатите за проектот “Neets in Need” во соработка со Lighthouse Hostel.  На хххх е одржан вториот дисеминациски настан, на кој учество земаа повеќе од 15  млади луѓе. Настанот се одржа во просториите (салата за конференции) во Lighhouse Hostel.
На настанот учествуваа млади луѓе членови на Нова Генерација, волонтери, случајни заинтересирани млади, како и младински работници.
На настанот се разговараше за целите на проектот, учеството на младите луѓе во оваа ранлива категорија НЕЕТ (не во образование, едукација или тренинг), во Македонија а посебно во Скопје.
Кои можности им стојат на располагање на младите луѓе од Скопје, и Македонија генерално.
Исто така беа посочени и причините за запаѓање на младите во оваа категорија на граѓани.

Вториот дел од настанот с еоднесуваше на Онлине платформата и можностите кои таа им ги нуди, како дел од овој проект, а и можностите кои Европската Комисија ги нуди преку својата Ерасмус+ програма.
На крајот овој настан заврши со вмрежување и невормален разговор пропратен со мала закуска и освежување организирано од партнерот LightHouse Hostel.

%d bloggers like this: