45042834 584871215332596 5676975535767420928 N

Толку различни, но сепак исти

Во периодот од 19ти до 27ми октомври во Мурска Собота во Словенија се одржа Еразмус младинска размена со тема „Толку различни, но сепак исти“. На оваа младинска размена учествуваа 8 членови на нашата организација „Младински Совет Нова генерација“. На размената вкупно учествуваа 40 млади од Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина. За времетрањето на размената, преку повеќе интрактивни активности младите научија повеќе за секоја држава, нивната култура и традиција, како подобро да комуницираат и да работат во тим со млади со различно потекло. Нашите членови супер си поминаа, добро се прошетаа, се здобија со многу нови пријатели и се надеваме дека соработката со организаторот  Društvo Kreativne Mladine  ќе продолжи и во иднина и уште многу наши членови ќе имаат можност да посетат младински размени од ваков тип. Овој проект беше реализиран со финансиска подршка од програмата Ерасмус +.

%d bloggers like this: