Тренинг Курс – Values of Peace, Values of Europе, се оджа во Ѓаково, Хрватска од 24 до 30 Јуни 2019

Во периодот од 24ти до 30ти Јуни во Џаково, Хрватска се одржува тренинг курс на темата “Values of Peace, Values of Europe”, која претставува втора активност после семинарот одржан во Призрен, Косово. На оваа активност се вклучени 35 учесници од 10 различни држави, меѓу кои и 3 претставници од нашата организација. Со помош на различни неформални методи групата ќе се здобие со различни вештини и знаење за работењето во заедница исполнета со мир, соработка и поддржување на моралните и европските вештини. Споделувајќи ги своите идеи, прерходни искуства и работејќи заедно ќе се поттикне потребата за подбрување на локалните средини, но и на поголемо интернационално ниво. Човековите права, солидарноста и почитта се само мал дел со кои треба да се бориме против екстремизмот и омразата што постои во светот. Целиот овој проект е спонозриран од Европската комисија преку Еразмус + програмата, која нуди огромни можности за усовршување на младите кои претставуваат водечката сила на едно општество.

Младински Совет Нова Генерација испрати 3 учесници, кои истотака се активни членови на истата организација да ја преставуваат на овој проект.

%d bloggers like this: