72703596 390973605119635 4311946693290491904 N

Младинска размена “Perform Culture” 11-19 Oктомви, 2019 во Дијабакир, Турција

Младинска размена “Perform Culture” , 11-19 October, 2019 во Дијабакир, Турција

Младинската размена “Perform Culture” беше одржана во Дијабакир, Турција и во неа земаа учество 60 млади луѓе кои доаѓаа од: Норвешка, Шветска, Турција, Литванија, Полска и Северна Македонија. Главната цел на проектот беше да се срушат сите  бариери помеѓу младите со различно потекло и преку музиката, танците и  уметнички форми да ги запознаат вредностите и убавините кои ги поседуваат останатите земји и култури.   

Преку жива дискусија и добра соработка, младите ги разменија своите искуства и мислења. Меѓукултурниот дијалог допринесе за објаснување на различните гледишта во културата, но и за зајакнувањето на почитувањето на културната разновидност. Традиционалната музика на земјите учеснички, презентирана на креативен начин од младите остави силна последица врз музичките искуства на учесниците и во нивното креативно развивање.

Последниот “испит“, учесниците го положија со највисока оцена и покажаа колку навистина е корисна и практична Ерасмус + програмата. Тие организираа Завршен јавен настап пред месното население во Дијабакир. Преставувањето на различните култури и изведбата на традиционални песни и ора, наиде на општо задоволство кај посетителите. Настанот можеме со сигурност да кажеме дека помогна во будењето на свеста кај овие луѓе во поглед на тоа колку е важно да се цени и почитува културната разновидност.

%d bloggers like this: