71642286 2680950881916187 4227687891733577728 N

Младинската размена “Say No to Hate Speech“, 01-10 Септември 2019, Sikhall Camping, Шведска

“Кажи НЕ на Говор на Омраза“ е младинска размена која се одржа во живописниот комплекс “Сикхал Кампинг“, сместен во еден од најживописните предели на Шведска. На овој проект учествуваа 60 млади луѓе на возраст од 15 до 30 години, кои потекнуваат  од 10 различни земји (Северна Македонија, Шведска, Велика Британија, Турција, Романија, Естонија, Шпанија, Литванија, Полска и Бугарија). Главната мисија на младинската размена беше учесниците да се стекнат со стручност за ефективно справување со говорот на омраза во нивнoто општество, но и да придонесат во создавањето на општество без омраза. Покрај ова, на проектот се работеше и на развивање на способностите на партиципантите, за да допринесат во борбата против дикриминацијата и социјалната маргинализираност заснована на раса, боја, религија, нација или култура.

Во изразено позитивна атмосфера, учесниците преку најразлични работилници, тимски активности, презентации и дискусии имаа можност да се запознаат со присуството на говорот на омраза во останатите земји учеснички, но и со методите кои тие ќе ги употребуваат за да се справат со неа. Преку неформални методи младите добија знаење на кој начин практично да учествуваат во борбата против говорот на омраза кој во онлајн или офлајн форма се појавува на интернет страните. Исто така, учесниците беа охрабрени да работат на подигање на свеста кај населението, особено кај младите луѓе, за штетноста и последиците кои ги имаат единката и општество од говорот на омраза. Учесниците направија креативни планови за спречување на говор на омраза,  преку серијал од видео пораки за социјалните мрежи, и преку организирање на локални настани во нивните заедници. Учесниците се здобија со основни компетенции за ефикасно користење на медиумот, особено на социјалните мрежи, кој ќе го искористат за подигањето на  свеста кај месното население. Во текот на оваа размена младите имаа можност да учат од успешно спроведените младински проекти и детално беа запознаени со Ерасмус + програмата и сите можности која таа ги нуди.

Вечерните часови беа резервирани за интеркултурни презентации, националните тимови преку нивните традиционални обележја го пренесуваа духот на својата татковина.

%d bloggers like this: