70443234 2396125930644962 3920847787360518144 O

Младинска размена “YES LOVE” 1 – 8 Септември 2019, Меркин, Литванија

На младинската размена “Yes Love“ одржана од 1 до 8 септември во Меркин, Литванија учесници беа државите: Литванија, Велика Британија, Чешка, Данска, Северна Македонија и Турција. Дел од овој проект беа 60 учесници, чија цел беше да се осврнат на говорот на омраза и криминал од омраза што често се појавува во општествата и кај нациите насекаде низ Европа.

Преку неформални образовни методи на учесниците им беа покажани последиците од омразата во заедницата, преку безброј примери кои имаат уништувачки ефект врз самодовербата на младите, нивната благосостојба и генерално врз нивните животи. Како превентивна мерка, младите одблизу се запознаа со “оружјето“ кое тие можат да го користат во борбата против оваа девијантна појава.

Благодарение на добрата меѓусебна соработка и посветеност, учесниците ги запознаа корените, структурата и последиците од омразата, како и поврзаноста на говорот на омраза и криминалот од омраза. Младите ги проширија своите вештини за препознавање, а пред се, и за спречување на интернет онлајн и офлајн говор на омраза. Работилнииците и плодните дискусии го охрабрија и на некој начин му дадоа патоказ на учесникот во организирањето на месни кампањи против омразата, предрасудите и манипулациите. Социјалните мрежи, како број еден медиум распространет кај младата популација беше користен како уред за подигање на свеста кај корисниците, во врска со  проблемот со говорот на омраза и криминал од омраза. Учесниците детално се запознаа и со можностите која ги нуди Ерасмус+ програмата и беа поттикнати и мотивирани за да учествуваат во разни други програми.

 Слободното време на учесниците беше исполнето со меѓусебни разговори, социјални игри и интеркултурни вечери, на кои секоја од земјите во најдобро светло ја прикажа својата традиционална храна, музика, култура.

%d bloggers like this: