20191113 175424

Семинар ‘Increasing Quality of Activities Targeting Rural Youth’ 09 – 16 Ноември 2019 – Струга, Северна Македонија

Последниот настан од проектот ‘Increasing Quality of Activities Targeting Rural Youth’, се одржа во Струга, Северна Македонија, во периодот од 09 – 16 Ноември, 2019, во хотел Солферино.

Овој настан е семинар и претставува петта и последна активност на проектот. Проектот е кофинансиран од Европската комисија преку програмата „Еразмус +“. Сминарот вклучи 30 млади учесници од партнерски организации од 6 земји. Имплементиран е од невладината организација „Youth Workers Alliance – Vranje” од Србија, во соработка со „Next Generation“ од Северна Македонија; „MladiInfo“ од Црна Гора; „OAPA“ од Косово; „ICSD“ Грција; и „Draft Copenhagen“ од Данска.

На овој настан партнерите изразија силен интерес да вклучат претставници од други сектори (образование, регионални, локални, национални институции) и заедно да ги разгледаат креираните политики за поддршка на руралниот развој. Семинарот се засноваше на презентации на практики, постојни политики, дискусии за заеднички предизвици, но и рефлексија на специфични случаи во сите шест земји партнери. Конечниот производ на семинарот е сет на препораки насочени кон младинските организации и другите заинтересирани страни и има за цел создавање на предлаг чекори за подобрвање на ефикасноста на самите практики и развој на квалитетот на услугите што им се даваат на младите луѓе од руралните региони.

Се одржаа неколку креативни активности и сесии, каде учесниците беа исклучително продуктивни. Се одржаа и локални активности во неверојатниот град Охрид, каде што учесниците ги посетија местата што се културно наследство како чаршијат, Самоилова Тврдина, Канео, многуте православни цркви, крајбрежјето на Охридското Езеро и тн.

Учесниците имаа можност да го посетат село Вевчани и околината, каде имаа за задача да снимат видеа во кои би ја пренеле својата порака кон младинските организации и институции за нивната работа со млади од рурални средини.

Вреди да се спомене дека целиот тим беше неверојатен, а учесниците поминаа одлично време заедно.

Слободното време на учесниците беше исполнето со меѓусебни разговори, социјални игри, танцувачки натпревари, караоке и интеркултурни вечери, на кои секоја од земјите во најдобро светло и креативно ја прикажа својата традиционална храна, музика, култура.

%d bloggers like this: