IMG 20191124 132613

Младинска размена “LESS SCROLLING, MORE LIVING!”,19-27 Ноември 2019 – Аснаес, Данска

Еднонеделен проект, зпочна на 19ти и заврши на 27ми ноември, 2019, во малото градче Аснаес, во Данска. Учествуваа 56 млади претставиници на организации од 7 различни земји: Данска, Северна Македонија, Шпанија, Италија, Србија, Бугарија и Турција.

За време на тие 7 дена, учесниците се запознаваа меѓусебно, постојано работеа на истражување на позитивните и негативните страни на социјалните медиуми, беа дел од забавни сесии на кои имаа можност да ги покажат своите актерски способности, своите мислења и да ја изразат својата креативност. Учесниците научија и нешто повеќе за Еразмус + програмата, пишување и имплементирање проекти.


Во однос на негативните страни на социјалните медиуми ја разработуваа темата за Cyberbullying, за нарушување на приватноста на интернет, зависноста од користење на социјалните мрежи, нарушување на менталното здравје, шерење на говор на омраза и сл. Се гледаа и два филма, “Nosedive” и “Cyberbully” кои учесниците подоцна ги анализираа подлабоко и дискутираа на темата на негативните ефекти на социјалните медиуми.

Но, потоа се насочија кон позитивните страни што социјалните медиуми можат да ги донесат и тоа: креирање кампањи за позитивни промени во локалната заедница и општеството, зголемување на свесноста за некои проблеми и настани, собирање донации, промовирање граѓанска ангажираност, подобрена комуникација на далечина, инспирирација за отварање бизниси и тн.

Секој ден започнуваше со различни забавни енерџајзери, по кои учесниците учествуваа сконцентрирано на работа во мешани групи на сесиите. Сесиите содржеа примери од секојдневието на младите, каде разменуваа различни идеи од нивните земји.

Главната работа која учесниците ја научија преку работилниците е дека, иако доаѓаат од различни земји, култури и националности, тие се соочуваат со слични проблеми, по што се фокусираа на одредени идеи за разрешување на тие прашања.

На крајот на секој ден имаа забавни активности како интеркултурни вечери каде што секоја земја претстави дел од својата историја, традиција, музика, танци и храна, потоа имаше и натпревари во танцување, караоке, ноќ за друштвени игри каде што телефоните беа забранети неколку часа и сл.

На крај учесниците си отидоа полни со спомени, научени работи, зголемени презентациски вештини, подобрен англиски јазик, нови пријателства кои ќе траат многу години, но и по некоја љубов.

%d bloggers like this: