Учи Истражи Искуси - Еразмус+

Учи, Истражи, Искуси – Промотивен Караван за Еразмус+ – СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш

Младински совет „Нова Генерација“ започна промотивен караван низ повеќе Македонски градови. 2022 – Европска година на младите не пoттикна на овој чекор. Целта на кампањата е разгласување за можностите што ги нуди Еразмус+, и нудење на можност на сите да аплицираат директно, и да учествуваат во младински размени. А со тоа да се збогатат самите себеси со проширување на своето знаење за одредени теми, нови информации за европските држави, култури и луѓе и нови искуства кои би имале големо влијание нивниот развој. 

Слоганот на Еразмус е, „збогатување животи, отварање умови“

Mладинските размени на Еразмус+ го овозможуваат токму тоа, збогатување на животите со знаење и искуства, и отварање умовите и проширување на хоризонтот. Преку овие проекти секоја млада личност има прилика бесплатно да се оспособи и надогради.

Целта на овој промотивен караван е информацијата за оваа прилика да се донесе поблиску до секој

Во Радовиш во гимназијата Коста Сусинов на 13ти Мај одржавме презентација во која на интересен и интерактивен начин ги претставивме Еразмус+ и младинските размени кои претстојат, пред повеќе од 80 средношколци и други млади луѓе кои ни се придружија на настанот

Заедно со учесници кои претходно учествувале на размени и проекти споделивме искуства од претходни проекти, и детално го објаснивме целиот процес на аплицирање и како се одвива еден проект, а за крај ги охрабривме сите да се вклучат, да аплицираат и да учествуваат на младинска размена

На крај оставивме промотивни материјали и постери со QR код кои би им овозможил дури и на луѓето кои не присуствувале на настанот да пристапат до самата апликација и да се пријават за учество на некои од претстојните проекти

Караванот започна, со ова секоја млада личност ќе биде чекор поблиску до прилики за учење и развој, а со самото користење на сите можности од младите создаваме подобра иднина за сите

Благодарност до: Националната агенција за европски образовни програми и мобилност
и до СОУ „Коста Сусинов“ кои придонесоа да овој настан да биде спроведен во најдобро светло.

Радовиш, се гледаме пак во некоја наредна прилика

Наредно на листата: Св.Николе, Кочани, Скопје …