11138513 605917509511182 3811622834630054368 N

Eco active in the city

Во периодот од 17ти до 24ти мај во Полска се одржа тенинг курс под името “Eco active in the city”. На тренингот учествуваа 27 млади од 9 различни земји (Македонија, Хрватска, Бугарија, Малта, Романија, Словенија и Словачка). Претставници од Македонија беа Ана Костовска, Моника Башова и Елена Ристова. На тренингот се разработуваа теми од областа на претприемништво, екологија и оддржлив развој кои беа претставени преку интерактивни методи.Овој тренинг им овозможи на учесниците да се запознаат со идејата за оддржлив развој како стратегија за развој на ЕУ, научија неколку механизми со кој Европската Унија ги поддржува младите претприемачи и се сретнаа со добри примери за еко оддржлива урбана средина. Првиот дел од тренингот се оддржа во селото Крижова, а вториот дел во градот Вроцлав. Сепак и покрај тоа што учесниците се здобија со многу знаења и информации и забавата не беше изоставена. Беа организирани 2 интернационални вечери на кои можеше да се пробаат разни специјалитетии пијалоци од секоја земја а исто така учесниците имаа можност и да го почуствуваат и ноќниот живот во Вроцлав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: