Eywwise1

Enabling Youth Workers to Work in Intercultural Sensitive Environment – Оспособување на младински работници за работа во интеркултурно сензитивна средина

Лоциран на перкрасниот брег на Охридското езеро, во Струга беше одржан Еразмус плус проект, кој се одвиваше од 05 – 14 Март. Со намера да се подигне свеста за културните разлики и луѓе кои потекнуваат од различни средини, во проектот „Оспособување на младински работници за работа во интеркултурно сензитивна средина“  беа вклучени 15 учесници, од три земји: Македонија, Аргентина и Данска. Целта на овој тренинг курс беше да ги приспособи младинските работници, младите лидери, наставници, социјални работници итн. да го применуваат моделот на Милтон Бенет во нивниот секојдневен живот и работа как оби ги поддржале малдите луѓе.

Милтон Бенет има развиено фантастична теорија наречена „ Развоен модел на меѓукултурна чувствителност“ кој може да се кориси во младинската работа и да се воведе во пракса во секојдневниот живот на младинските работници. Овој академски модел може да се адаптира на активности кои пружаат шанси за младинските работници да им обезбедат поддршка на младите за подобро меѓусебно разбирање и подобрување на нивните способности за заедничко функционирање.

За време на овој тренинг учесниците кои беа пратени од три различни организации: Youth Council Next Generation – Македонија, Danish Intercultural Organization – Данска и Asociacion Civil Familia Gangitana de Rosario – Аргентина беа вклучени во повеќекратни активности. Преку неформално образование, и презентирање на едукативни материјали, тие не само што беа доближени до темата, воедно учествуваа и во голем број на работилници, играње улоги, дискусии, информално учење и размена на искуства. Резултатите ги надминаа очекувањата, а учениците, како и самите организатори беа задоволни од целата програма.  Постојано беа разменувани и дискутирани нови идеи, се создадоа нови партнерства, се здобивме со многу знаење, а и прилично се забавуваме во слободно време. Стекнавме незаборавни искуства и моменти кои долго ќе се паметат.

Овој тренинг беше втората активност од триделен проект. Првиот дел беше одржан во Росарио, Аргентина од 28.11 – 03.12. 2017, а послдниот ќе се одржи во Нистед, Данска од 15 – 23 мај.

%d bloggers like this: