Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Повик за учесници на семинар во Струга (Advocacy for Human Rights: Share to Change)

July 2, 2019 - July 9, 2019

Free

Можност за сите заинтересирани млади во креирање на дигитални кампањи за застапување за човекови права.

НВО Next Generation е партнерска организација со уште 6 други организации од Естонија, Србија, Бугарија, Косово, Албанија и Турција на проектот “Advocacy for Human Rights: Share to Change” кој вклучува повеќе активности меѓу кои и овој семинар во Струга кој ќе се оддржи од 02-09 јули, 2019 год.

Целта на проектот е млади од различни земји (на возраст 18-25 год.) од Европа да ги развијат своите вештини за креирање на онлајн кампањи преку кои ќе можат да го споделат својот активизам и застапување на човековите права, а воедно и да се стекнат со меѓународно искуство и да разменат идеи со останатите учесници..

Овој повик е за 5 УЧЕСНИЦИ, за семинарот кој ќе се оддржи во Струга, каде што претходно избраните учесници ќе имаат можност да се запознаат со целите на проектот и да учествуваат на информативна средба во организацијата. Учесниците се обврзани да присуствуваат и бидат активни во текот на целото времетраење на проектот, како и да земат учество во дисеминациските активности по завршувањето на семинарот.

Датумот на оддржување на семинарот е од 2 до 9 јули, 2019 год.

Заинтересираните кандидати можат да ја пополнат апликациската форма на овој ЛИНК најдоцна до 20ти мај, 2019.

Предност при селекција ќе имаат учесници кои до сега не учествувале на Еrasmus +проекти.

ИНФО ПАК

Овој тренинг е финансиран од страна на Европската комисија од програмата Еразмус+. Сите трошоци се покриени од страна на организаторот (сместување, храна, освежување), како и покривање на патните трошоци до местото на оддржување, според условите наведени во Инфопакот. По завшувањето на размената, учесниците ќе добијат YouthPass сертификат (сертификат за неформално обрзование).

 

За дополнителни информации можете да не контактирате на nextgeneration.contact@gmail.com

Details

Start:
July 2, 2019
End:
July 9, 2019
Cost:
Free

Organizer

Youth Council Next Generation
Email:
nextgeneration.contact@gmail.com
Website:
www.nextgeneration.com.mk

Venue

Struga
Macedonia + Google Map
Website:
www.nextgeneration.com.mk
%d bloggers like this: