66188780 10214780777494555 7569701918704926720 N

Младинска Размена за човекови права “Human Library: Human Rights Education in Practice” во Фуглебјерг – Данска, 01 – 09. Јули 2019

Проектот „Човечка библиотека: Едукација за човекови права во пракса“ се одвиваше во периодот 01 – 09 јули 2019, во Фуглебјерг, Данска. Присуствуваа 60 учесници од 6 различни земји, од Обединетото Кралство, Турција, Данска, Литванија, Италија и Северна Македонија.

Младинскиот Совет Нова Генерација учествуваше во оваа размена со 10 свои учесници, кои постојано беа активни за време на сесиите, превземаа активно учество во задачите, многу научија од оваа размена, но исто така и придонесоа во предавањата со свои претходни знаења и искуства.

Младинската размена “Човечка библиотека: Едукација за човекови права во пракса“ одговори на потребата за решавање на проблемите со социјално исклучување наспроти социјална инклузија, дискриминација и говор на омраза наспроти слобода на говор, во земјите – учеснички. Преку младинската размена,  учесниците не само што развија вештини и добија нови знаења за темата, но, исто така, ги зајакнаа своите вештини за да се овозможат “човечки библиотеки” во нивните заедници и директно да придонесуваат кон процесот на создавање социјално инклузивно општество.

Остварувањето на целите на проектот се реализираше преку активности базирани на различни методи и техники на неформално учење, вклучувајќи дискусии, дебати, играње улоги, симулации, активности за размислување, индивидуални предизвици и групна работа во интеркултурен тим. Активностите беа прилагодени во интеркултурна средина на потребите и интересите на учесниците – млади луѓе, вклучувајќи ги и младите со помалку можности, на возраст меѓу 18 и 30 години.

Младинската размена има влијание на неколку нивоа. На индивидуално ниво тоа придонесе за развој на компетенции на учесниците во областите на социјалното исклучување, дискриминација и говорот на омраза. Учесниците се стекнаа со нови знаења, но исто така развија свои вештини за реализација на “човечка библиотека” во нивните заедници. Младинската размена, исто така, има влијание врз организациите-учеснички. Организациите имаат корист од нови искуства и методи, можности за вмрежување и работа на идеи за идни проекти за борба против дискриминација, социјално исклучување и говор на омраза. Покрај тоа, младинската размена има влијание врз локалните заедници на земјите-учеснички, бидејќи учесниците што доаѓаат од овие заедници имаат шанса да учествуваат во идните “човечки библиотеки“ и да придонесат за градење на општествено инклузивно општество.

Се одвиваа разни тим билдинг активности, игри за учесниците да се запознаат еден со друг, но и многу поучни сесии. Учесниците имаа можност да ги спознаат своите силни и слаби страни низ фазите на проектот. Секоја земја, за време на проектот имаше можност да се претстави себеси, на интеркултурните вечери кои беа организирани, преку театарски претстави во кои ги кршеа стереотипите за себеси, преку квиз, храна, танци и песни, кои им дадоа можност на учесниците од други земји да научат нешто повеќе еден за друг.

%d bloggers like this: