58383324 1048566128686474 7223194578717769728 N

Младинска Размена за полова еднаквост од 19 до 26 Април,”Human Being” одржан во Истанбул, Турција

Во периодот помеѓу 19 April – 26 April, 2019 година 6 млади учесници и еден младински лидер од Младински Совет Нова Генерација учествуваа на младинската размена “Human Being” која се одржа во Istanbul, Turkey. Останати земји партнери на проектот беа: Обединетото Кралство, Словачка, Данска, Турција, Литванија,  Чешка и Франција. За време на размената учесниците, преку разни работилници имаа можност да дискутираат за тоа како се јавува дискриминацијата меѓу половите, што можеме да направиме за да ја спречиме родовата нееднаквост и како ние како млади луѓе можеме да донесеме позитивна промена која ќе биде пример за идните генерации. Учесниците ги презентираа ситуациите од своите земји, како да се креира општество со родова еднаквост, правата и толеранцијата меѓу половите, и како да ги разбиеме стереотипите кои постојат за половите во нашите држави. Проектот беше финансиран од програмот Еразмус Плус на Европската Комисија и сите учесници добија сертификати YouthPass.

%d bloggers like this: