61939646 10216817063931981 5035065460467433472 O

Младинска размена “Обединети против говорот на омраза” во Струга, 03-12 Јуни 2019

Младинска размена “Обединети против говорот на омраза” во моментов се одвива во Струга, Северна Македонија, каде 42 учесници од 6 земји го прошируваат своето знаење на тема „Говор на омраза, дискриминација и кампања“. Младинската размена ќе трае до 12-ти јуни и е организирана од Младински Совет Нова Генерација (www.nextgeneration.com.mk), заедно со уште 5 партнери од Турција, Италија, Полска, Словачка и Бугарија.
Учесниците во моментов го разменуваат искуството од сопствените земји на темата „Кампањи против говор на омраза“ и заеднички дискутираат добри и лоши иницијативи.
Во текот на денот, тим лидерите од сите партнерски организации, организираат работилници за онлајн и офлајн говор на омраза, при што имавме можност да ги посетиме и локалните невладини организации кои работат на истата тема.
Во текот на следните денови сите учесници ќе имаат можност да работат на сопствени кампањи на избрана тема и да подготват и креираат материјали за добротворни цели. Овој проект е кофинансиран од Еразмус + програмата на Евопската Комисија, преку Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност (www.na.org.mk).

%d bloggers like this: