Screenshot 3

Младинска размена на тема “Fairness” одржана во Фуглебјерг – Данска од 18 – 25 Јули, 2019 год.

Во период од 18 до 25 јули 60 млади луѓе од 6 земји учествуваа на младинска размена на тема “Fairness”, која се одржа во Фуглебјерг – Данска. Од Македонија учествуваа 10 млади учесници од организацијата Младински Совет Нова Генерација, а останатите земји партнери беа: Англија, Данска, Литванија, Турција и Словенија.

За време на размената учесниците преку најразлични работилници имаа можност да споделат знаење и искуство на темите поврзани со полот, полова еднаквост и разни полови аспекти како и можност учесниците да станат свесни и информирани на разни прашања поврзани со темата. Воедно, како дел од работилниците беа и активности кои ќе им помогнат на младите да ги препознаат ситуациите и причините кои предизвикуваат полова нееднаквост и да станат свесни за ситуацијата во нивнита земја, но и чекори кои младите луѓе можат да ги превземат во однос на ситуацијата. Исто така учесниците имаа можност детално да се запознаат со Ерасмус+ програмата и сите можности кои ги нуди, како и да се поттикнат и мотивираат младите да учествуваат во разни други програми.

Проектот беше финансиран од програмот Еразмус Плус на Европската Комисија и сите учесници за успешно имплементирана размена добија сертификати YouthPass.

%d bloggers like this: